Тане Димовски – Македонски татко на породилно отсуство


Кога на свет доаѓа бебе, вообичаено мајката, откако ќе се породи, останува дома на породилното отсуство за да се грижи за новороденчето. Меѓутоа, доколку таа од различни причини не го користи ова право, тоа може да го стори таткото. Стереотипите за „машките“ и „женските“ работи сѐ почесто се рушат и на сцена настапуваат практичноста, рамноправноста и заемното разбирање, пишува Нова Македонија.

Тане Димовски, вработен во секторот за односи со јавноста во Агенцијата за млади и спорт, го направи овој чекор и како што вели, иако на моменти се чувствува необично, секој ден му е исполнет и убав.фото - Нова Македонија

– Се будиме наутро во пет часот. Илина ми легнува на стомак и така спие до седум часот, кога и се буди. Потоа мајка ѝ ја дои и почнува да се подготвува за на работа. Ни остава млеко за да имаме во текот на денот. И потоа почнува забавата. До четири и пол попладне си играме, се дружиме, таа плаче, јас ѝ давам млеко, па ќе ѝ се јават грчеви. Убав ден, исполнет со смеа и со плачење. Интересно е, ден кога се спојуваат таткото и ќерката. Велат дека преку доење мајката и ќерката се спојуваат и се поврзуваат меѓусебно. На овој начин јас се поврзувам со неа – раскажува Тане за весникот.

Кога јавно соопштил за својата одлука, Тане не поминал лесно. Задевањата од страна на колегите и на пријателите биле составен дел од неговото секојдневие.

– Во почетокот чувствував некаква трема, страв, се прашував како ќе реагираат другите, како јас ќе се снајдам. Ама од тоа чувство веќе нема ништо. Не се чувствувам загрозено. Се разбира дека имаше и многубројни шеги на моја сметка од колегите на работа. Ми велеа: „Еве го тој што ќе менува пелени“, „Еве го тој што ќе дои бебе“. Кога ќе сакав нешто да кажам, на шега ме прекинуваа: „Ти нема што да кажеш“. Многу ми се драги, имаат разбирање, ама разбирливо е и што се шегуваат, вели Димовски, пренесува Нова Македонија.
За него најтешкиот дел досега било вадењето на потребната документација, оти и за јавните службеници не е вообичаено маж да зема породилно отсуство.

Повеќе прочитајте на Нова Македонија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1