Без разлика на исходот од локалните избори сеуште актуелниот министер за здравство Арбен Таравари кој е еден од кандидатите за градоначалник на Гостивар нема намера да се врати во Централната власт. Овој одговор на Таравари следи откако Премиерот Заев најави дека би го вратил на министерската функција ако не стане прв човек на Гостивар.
Заев во телевизиско интервју истакна дека не би сакал да се откаже од квалитетен човек ако изгуби, мислејќи на Таравари. Но, тој пак е уверен дека ќе стане градоначалник, во спротивно ќе си продолжел со лекарската професија.
Иако по објавувањето на кандидатурата за градоначалник Таравари најави дека ќе си поднел оставка од министерското место, официјално тој се уште е министер до почетокот на изборната кампања. За двете недели додека трае кампањата, вети дека ќе користи дел од годишниот одмор. Веќе на големо се шпекулира дека актуелниот директор на Клиниката за очни болести Беким Татеши ќе биде нов министер за здравство, кој во министерската фотења би седнал по изборите.
Инаку во електронската публикација за 100 дена Влада во секторот здравство набројани се три настани меѓу кои чистење на Клиничкиот Центар Мајка Тереза во Скопје и поставување на тријазични табли во истиот за полесна ориентација на пациентите.