Повлекувањето на аериканските сили од Сирија е поразувачка вест за Баширула Шикдер кој има чувство дека Америка ги напуштила неговите деца и ги препуштила на она што останало од Исламската држава.
Шкидер по своите деца трага веќе четири ипол години, соработувал и со американските владини агенции и курдските сили, дури и сам одел на Блискиот исток да ги бара синот и ќерката.
Неутешниот татко рекол за Си-Ен-Ен дека се чувствува издадено после одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекувањето на американската војска од Сирија. Тој се прашува дали после заминувањето на војската, таму ќе остане агенција која ќе се грижи за американските државјани, меѓу кои се и неговите деца, за кои и понатаму верува дека се во тој регион.
„Имам чувство дека на Америка не ѝ е грижа. Ова е најтешкиот период во мојот живот“, рекол Шкидер за Си-Ен-Ен.
Додека бил во Мека во 2015 година, неговата сопруга ги одвела синот Јусуф и ќерката Захра од семејниот дом во Мајами за да се придружи на ИСИС.
Јусуф тогаш имал 4 години, а Захра 9 месеци. Двајцата се родени во Америка, додека Шикдер е американски државјанин со потекло од Бангладеш.
„Мојата сопруга Рашида Сумаија беше радикализирана и одлучи да им се придружи на ИСИС во Сирија“, рекол тој.
На почетокот ми испраќаше фотографии од синот и ќерката, а подоцна гледав дека малата ќерка беше облечена во црн фустан од Исламската држава, со покриена коса.
Во 2016 година Шикдер примил документ преку смс во кој било наведено дека неговата сопруга се развела од него, затоа што одбил да се пресели во Исламската држава. Набрзо дознал дека неговата сопруга се премажила за борец на ИСИС и дека му родила ќерка.
Според неговите зборови, тој бил убиен еден месец после свадбата. Пораки од неговата сопруга престанале да стигнуваат од декември 2018 година. Од родената сестра на сопругата дознал дека таа загинала во воздуѓен напад, додека децата се здобиле само со опекотини на лицето.
Оттогаш на сите начини се обидува да ги пронајде своите деца, преку Фејсбук, преку политичари, невладини организации, сите кои сакаат да го слушнат неговиот проблем. Два пати сам одел до Сирија во потрага по децата, но безуспешно.
Некои луѓе му кажале дека децата се криумчарени на северозападна Сирија и од тие извори дознал дека децата се под старателство на друга жена која исто така е дел од ИСИС. И понатаму не се откажува од потрагата по нив и се обидува на сите начини да ги лоцира.