Татко барал човек кој би ја тепал и силувал неговата 11 годишна ќерка додека тој гледа!


monstrum

Полицијата од Мисури во САД пред неколку дена го уапсила триесет и двегодишниот Ентони Бринкман, кој на интернет објавил оглас преку кој барал “кандидат” кој би сакал да ја тепа и силува неговата 11 годишна ќерка, додека тој сето тоа го гледа!

Дека притоа воопшто не се шегувал било заклучено откако на неговиот оглас се јавил полициски агент, претставувајќи се како цивил, а Бринкман со него договорил и состанок, на место 80 километри оддалечено од неговиот дом близу Сент Луис.

Бринкман таму навистина ја довел и својата ќерка затоа што верувал дека ќе се сретне со жена која ќе ја злоставува неговата ќерка со сексуални играчки, а монструмот татко бил уапсен веднаш штом ја паркирал колата пред договореното место.

По апсењето тој се бранел дека “бил глупав” и велел дека му е жал, а од полицијата било соопштено дека тој нема да се извлече само со мала казна затоа што со самиот факт што го довел детето на договореното место, покажал дека неговата намера е сериозна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1