Во семејниот дом, стружанец вчера во 9.30 часот ја пронашол, без знаци за живот, својата седуммесечна ќерка. Таткото се обидел да даде вештачко дишење, а потоа со такси возило го однел детето на детското одделение во болницата, каде дежурните лекари констатирале смрт.
МВР информира дека од извршениот надворешен преглед над телото на починатото бебе не биле констатирани траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатото дете е предадено на семејството за погреб.