Македонецот Ристе Николовски и неговиот син додека се возеле на мотор биле изненадно удрени од позади од жена која управувала џип, објави порталот Фаланга.
-Од самиот судир биле турнати во друг автомобил кој се движел и неможел да ги избегне притоа нанесувајќи им големи повреди на двајцата Македонци.По кратка постапка Ристе Николовски и неговиот дванаесетгодишен син се пренесени во Royal Melbourne Hospital и како што дознаваме и двајцата се во критична состојба т.е во кома и се борат за живот, објави порталот.
Ристе Николовски по потекло е од Штрбово – Преспа и извесно време живееше во Охрид каде пред некој ден допатува во Мелбурн да живее со своето семејство, но за жал ја имал оваа тешка судбина.