Татко и син од Гевгелија фалсификувале евра


Двајца гевгеличани, татко и син, од село Прдејци, се осомничени дека фалсификувале евра, во нивниот дом

Откако се фатени на лице место, како купуваат со фалсификуваните евра, од страна на струмичката полиција, а по налог на јавен обвинител, одреден им е притвор од 30 дена.evra

Имено, таткото и синот со фалсификувани 100 евра, купувале моторно масло од бензиска станица. Продавачот се посомневал во исправноста на валутата и пријавил во полиција. Кога по втор пат, лицата дошло да купува моторно масло, на бензинската станица, веднаш биле пријавени во полицијата.

– Од страна на полициски служеници, кои веднаш пристигнале на местото, биле затекнати двајцата како купуваат моторно масло и веднаш биле лишени од слобода, а по извршен претрес, кај првопријавениот била пронајдена банкнота во апоени од 100 евра, а кај второпријавениот 5 банкноти, во апоени од по 100 евра. Истите со потврда за одземени предмети, веднаш се одземени, а за случајот е известен јавен обвинител – рече портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.

Со налог, извршен е претрес во домот на гевгеличаните, при што се пронајдени 60 банкноти, во апоени од по 100 и 500 евра.

– Ивршен е претрес во домот на пријавените и другите помошни простории, при што пронајдени се 60 банкноти, во апоени од по 100 евра, 32 банкноти во апоени од по 500 евра, профактури и четири туби морно масло „Тотал“, купени во продавница за авто делови во Струмица – рече Рендевска.

Привремено одземените банкноти ќе бидат предмет на вештачење од страна на Народната банка, а ќе се вештачат и привремено одземените мобилни телефони и куќиштето на компјутерот, од страна на МВР.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1