Татко на 8 деца се обидел да се обеси пред Владата на Црна Гора – немал дом и пари


Црногорец синоќа се обиде да се обеси на бандера пред седиштето на Владата на Црна Гора во Подгорица, но бил спречен од случаен минувач и од полицаец од владиното обезбедување.

jaze besilkaДејан Гашиќ се решил на вакov чекор во знак на очај и поради безизлезната ситуација во која се наоѓал, откако неговиот дом изгорел во пожар пред повеќе од еден месец и тој со сопругата и осумте деца останал на улица.

Тој барал помош од надлежните за решавање на неговото станбено прашање, но и лошата економска состојба, но без исход. По загубата на домот, во знак на протест, но и надеж дека некој ќе му помогне со семејството живеел пред зградите на Владата и на Собранието на Црна Гора.

По неуспешниот обид за самоубиство, Гашиќ во моментов се наоѓа во Клиничкиот центар во Подгорица

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1