Татко на жртва на убиство разнесе судница со рачни гранати, уби еден од обвинетите


Маж детонираше две рачни бомби во судница во источна Украина и се уби себеси и еден од обвинетите за убиство на неговиот син.

Експлозиите одекнале за време на сослушувањето за случај на убиство во Никопол, објавија украински медиуми. Локалните медиуми објавија и дека мажот е татко на жртвата на обвинетите во случајот.Најмалку десет лица се ранети во експлозиите, меѓу кои тројца обвинети, четворица вработени во судот и безбедносни службеници. Обвинетите биле на суд поради убиство на две лица во февруари 2016, а една од жртвите бил синот на мажот кој ги фрлил рачните бомби.Мажот ги фрлил гранатите кога слушнал дека судењето се одложува и додека полицајците им ставале лисици на обвинетите. Украинските власти соопштија дека е во тек истрага за случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1