35 годишниот Дмитриј Канариков вчера се фрли од зграда висока 52 спрата на Менхетн заедно со својот 3 годишен син Кирил. Дмитриј починал на лице место а детето покажувало знаци на живот но починало во болница.
Таткото веднаш починал а Кирил преживеал само до болницата каде лекарите немале шанса да се борат за неговиот живот. Се претпоставува дека причина за оваа трагедија е судската одлука со која детето и се доделува на мајката, поранешната сопруга на украинскиот емигрант Дмитриј,Светлана Букарина. Иронично, Дмитриј во септември на Фејсбук напишал: Сакам да бидам најдобар сопруг и татко.