Таткото бега од медиумите, соседите велат: Бобан беше мирен и фин, со сопругата преминаа во Ислам


Славољуб Симеоновиќ, таткото на Бобан Симеоновиќ кој е осомничен дека помагал во организацијата на терористичкиот напад во Берлин, денес во своето родно село не сакал да дава никакви изјави за медиумите.

– Мене ми е кажано дека со вас немам никаква работа. Всушност, не е се така како што се пишува, кратко им одговорил таткото на Бобан на репортерите на Телеграф.рс кои го посетиле во селото Шарбановац.slavoljub-simeonovic

Нивните соседи таму тврдат дека неговите родители се добри луѓе, а Бобан бил фино момче. Една од нивните сосетки во селото, Анка Криниќ, изјавила дека родителите работеле во Германија, поточно во Дортмунд, но сега се во пензија.

– Поголемиот дел од годината се тука на село, но некогаш престојуваат и во Германија. Како што слушнав, сега треба да дојде и мајката на Бобан тука во Србија. Тој поретко доаѓаше од нив бидејќи е роден во Германија. Таму заврши и школо. Последниот пат дојде во селото минатата година со својата втора сопруга со која заедно преминаа во Ислам. Претходно беше во брак со една Украинка, но за кратко се разделија. Неговата втора жена носеше фереџе. Знам дека Славољуб воопшто не се согласуваше Бобан да премине во Ислам, раскажала сосетката Анка.

Уште еден од соседите изјавил дека Бобан бил позитивен, мирен и повлечен.

– Беше паметен, позитивен и мирен дечко. Јас го немав видено подолго време, а слушнав дека завршил некој хемиски факултет. Ова што сега го слушам за во Берлин, навистина ма зачуди, изјавил тој.

За потсетување, полицијата долго го држела „под око“ Бобан С. (27) во Дортмунд. Летово на 10 август го пребарале неговиот стан, а според пишувањата на српските медиуми, тој бил уапсен и во Скопје оваа година во една од акциите против помагачите на Исламска Држава на Балканот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1