Таткото го чуваат за да не изврши самоубиство, а мајката може да го загуби бебето- по самоубиството на 13 год момче


Никола Марковиќ кој во понеделникот вечер се самоуби пукајќи си во глава со пиштол на таткому кој го украл обивајќи ја фиоката каде таткото заклучен го чувал, вчера беше погребан во селото Негосавље, а на последното испраќање во вечниот дом присуствувале сите жители на селото.

-Не паметиме дека вакво нешто досега се има случено. Цело село е завиено во црно, рекол пред медиумите претседателот на месната заедница ,,Медвеџа,, и истакнал дека родителите на момчето се во многу тешка состојба.

-Мајката е во 7-ми месец бремена, лекарите се цела ноќ со неа и ја чуваат за да не го изгуби бебето. Полицијата дежура и пред нивната куќа, се стравува дека и таткото може да посегне по својот живот.Ужасно е каква трегедија го погоди ова семејство- рекол Филиповиќ.

Потсетуваме дека малиот Никола од Србија се самоубил поради критики кои ги трпел од родителите поради лоши оценки, а тоа го напишал во писмо кое било пронајдено покрај неговото тело. Во моментот на самоубиството тој бил сам дома, а го искршил орманот каде што се наоѓал пиштолот кој таткото го поседувал легално.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1