Таткото кој ја уби болната ќерка има рак: Не се лекувам, сакам да патам и да умрам како ќерка ми


Таткото кој ја уби својата тешко болна ќерка, давајќи и неутврдена количина на таблети преку сонда за хранење и пресекувајќи и ги вените на рацете, не можејќи да ја гледа повеќе како страда, боледува од рак.

Повторното судење за делото кое го направил очајниот татко Хрватот Јосо Грегуриќ започна во вторник, а конечната одлука треба да биде изречена во четврток.tatkoto500

Во текот на судењето на прашањето дали се чувствува виновен за убиството на неговата ќерка тој рекол: „Бог ме казни, казнете ме и вие. Јас ја чекам Божјата казна“.

– Имам тумор на мочниот меур, ме оперираа 4 пати. По последната операција престанав да се лекувам, не одам на терапиите. Сакам болеста да се прошири и на другите органи, сакам да патам и да умрам како што паташе мојата ќерка Маријана. Бев сведок на нејзината болка три години, беше неподносливо и поради тоа го направив тоа што го направив. До последен момент се надевав на чудо, но можев во нејзините очи да видам како моли за помош, изјавил Грегуриќ за Јутарњи лист.tatko-kerka500

Маријана била манекенка и спортистка, но се разболела во 2009 година, кога започнала да има страшни главоболки. Лекарите откриле аномалија во централниот мозок, но иако трипати била подложена на операции, не успеале да ја излекуваат. По последната операција останала неподвижна и не можела да ја користи ниту инвалидската количка и се хранела преку сонда.

Нејзиниот татко ја превземал грижата околу неа се до 8.октомври 2012 година кога и дал неутврдена количина на лекови од кои починала.Marijana-Greguric500

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1