Таткото на Меколи Калкин се одрече од славниот актер


Актерот Меколи Калкин (35), кој како дете се прослави со филмовите „Сам дома“, веќе со години не комуницира со својот татко и се чини дека дошло време некои работи да излезат на виделина

Така барем смета неговиот татко, Кит Калкин (71), кој одлучил во медиумите да си ја отвори душата и да раскаже за својот однос со синот.Macauley Culkin

– Не го сметам повеќе за свој син. Кога ги гледам неговите фотографии не го препознавам, изјавил Кит Калкин.

Пријател на семејството изјавил дека по мозочниот удар Кит не комуницирал со своите деца, па ниту со Меколи.

– Ако не сакаа да се јават кога нивниот татко беше на работ на смрт, што да очекува и на што да се надева во иднина? Престана да се казнува себе си поради тоа и повеќе не е лут. Успеа да го пронајде својот мир, изјавил семејниот пријател.

Кит Калкин не размислува за тоа како Меколи ќе реагира кога во весниците ќе види дека повеќе не го смета за свој син.

– На Меколи сигурно нема да му биде пријатно, но со оглед на тоа што долго време не се во контакт тоа нема да му биде големо изненадување, додал пријателот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1