Таткото на парискиот терорист: Се обидов да го извлечам синот од канџите на ИСИС во Сирија, но таму ме дочека…


Сами Амимур е еден од терористите кои ја нападнаа париската концертна сала Батаклан, во петокот и притоа убија најмалку 89 лица, активирајќи експлозивна направа.

Сами (28) е роден во североисточно предградие на Париз. Неговиот татко Мохамед Амимор (67) уште минатата година им раскажал на новинарите на француски „Ле монд“ како лани се обидувал да го извлече синот од канџите на ИСИС, во чие име се борел во Сирија, но не успеал. Господин Амимур постојано се обидувал да го одврати синот од џихадот во разговорите преку „Скајп“, додека конечно не се одлучил да тргне на опасен пат во Сирија.amimur_thumb_medium500_250

Таму заминал во јуни 2014 година, токму во периодот кога е создадена „Исламска држава“, за да го врати синот назад во Франција. Откако ја преминал турската граница, стигнал во сирискиот град Минбеј, покрај Алепо. Таму и првпат ги забележал црните знамиња на ИСИС. Низ градот патролирале луѓе со калашникови, а него го одвеле во џамија на задолжителна молитва. Следното утро конечно го видел својот син.

Но, Сами го дочекал таткото со бледа насмевка, а се движел со помош на патерици.

-Со нас цело време беше друг маж, а Сами кон мене беше исклучително ладен – ниту ми кажа каде се бори, ниту како е ранет, ниту ме повика на местото каде што престојува. Кога му го дадов писмото од мајка му во кое се наоѓаа 100 евра, Сами се тргна во ќошот и го прочита, а потоа ми го врати со коментар дека пари не му се потребни -раскажува Мохамед.

Тој разговарал и со други џихадисти кои му покажувале видеоснимки со измачувања кои силите на сирискиот претседател Башар ал Асад ги вршел над граѓаните, а потоа и снимки како убиваат луѓе одблиску.

– Ми беше многу тешко – рекол Мохамед за „Ле монд“.

По два дена, господин Амимур повторно влегол во Турција, за да се врати во Франција со лет од Истанбул. Полицијата на враќање не го испрашувала. Подоцна дознал дека неговиот син го променил името во Абу Хаји и дека се оженил.

„Не сакам таму да остане цел живот“ –  рекол на крај Амимур во интервју за „Ле монд“, минатата година.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1