Таткото од познатото интервју на Би Би Си ја објаснува целата случка (ВИДЕО)


Во своето прво интервју, експертот за Кореја Роберт Кели и неговата сопруга Ким Јунг-А, ги опишаа околностите околу случувањата во интервјуто за БиБиСи, хаосот кој настанал, како и глобалната реакција на катастрофата при преносот на Скајп од нивната сега веќе позната работна соба, пренесува dailyedge.1 keli

Нема сомневање дека веќе сте го виделе прекрасното видео во кое две деца го прекинуваат својот татко во текот на многу сериозно интервју за БиБиСи:

Откако се појави минатата недела клипот беше сечен, од него беа правени гифови, за него се твиташе, коментираше, но генерално, милиони луѓе од целиот свет го обожаваат.

Семејството пред два дена даде интервју за Вол Стрит Џурнал каде ја коментираше нивната ненадејна вирална слава за прв пат.

Во интервјуто за Wall Street Journal, професорот по политички науки Роберт Е Кели призна дека клипот на БиБиСи беше „комедија од грешки“ од почеток до крај.

Тој објаснува дека неговата сопруга Ким Јунг-А го гледала интервјуто во дневната соба со децата, но ќерката Марион тргнала да го најде  татко ѝ откако препознала каде се наоѓа, а бебето Џејмс брзо ја следело во својот дубак.

Кели за несреќа заборавил да ја заклучи вратата од работната соба.

Тој раскажува што се случило понатаму: „Штом ја отвори вратата ја видов нејзината слика на екранот. Таа беше во разиграно расположение тој ден, бидејќи на училиште имаа забава“.

После тоа, немаше враќање назад, колку неговата сопруга да се трудеше да се справи со ситуацијата.

Кели изјави дека тој бил првично исплашен дека веќе никогаш нема да биде побарано од него да се појави на телевизија, но потоа бил изненаден од топлата реакција на клипот:

Си рековме еден на друг: „Леле, што се случи?“ Мислам, тоа беше неверојатно симпатично. Го видов видеото како и секој друг … Ако ја погледнете снимката ќе видите дека се борев да се воздржам да не почнам да се смеам. Тие се мали деца и тоа се случува.

„Направив мала грешка што моето семејство го претвори во ѕвезди на Јут јуб. Тоа е прилично смешно“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1