Тато колку заработуваш на час? – Приказна која те тера да се замислиш


На интернет се шири приказна која на најдобар можен е илустрација на модерниот семеен живот и како луѓето станаа “зависни” од материјалното.

Еве ја риказната, на која сигурно нема да останете рамнодушни

tato sin“Еден човек дојде дома од работа доцна, како и повеќето денови бидејчи секогаш шефот имаше да му даде работи да доработува. Уморен и нервозен но сепак побрзал за да го види неговиот петгодишен син пред да заспие. Детето пак го чекало на вратата. Го гушнало и го прашало.

– Тато, можам да те прашам нешто?

– Да, секако, што е тоа? – Одговори таткото.

– Тато, колку заработуваш за еден час?

– Тоа не е твоја работа. Зошто прашуваш? – Рече таткото налутено делумно затоа што се нервираше секогаш кога ќе се споменеа пари а и делумно од срам – мал е но како да се понижам и да му кажам дека за еден час заработувам многу мала дневница си помисли таткото – но веднаш пак лутина – сигурно бара за играчка, мајкаму му рекла да ми побара.

– Јас само сакав да знам. Те молам кажи ми, колку ?
– Ако мора да знаеш, 50 $ за еден час.

– О, – рече момчето замислено и рече:

– Тато, те молам, може ли да ми позајмиш 25 $?

Татко викна бесен, “Ако единствената причина што ме праша е за да ти дадам $ 25 за играчка или некои други глупости, веднаш да одиш во својата соба и да размислиш дека не е добро да си себичен зошто јас не работам секој ден како црнец за да се трошат парите на милион играчки туку за да имаме за живот. рече таткото

Момчето тивко отиде во својата соба и ја затвори вратата. Човекот седна и се уште лут поради прашањата на момчето. “Како се осмелува да ме прашува глупости само за да се добијат некои пари? – По околу еден час, се смири и се замисли, ‘Можеби има нешто што навистина му е потребно … Навистина не честобара пари … отиде во неговата соба и ја отвори вратата.
– Дали спиш, синко? – Праша тој.

– Не тато, јас сум буден – одговори момчето.

Размислував … Можеби бев премногу строг. Имав тежок ден и не требаше на тебе да го истурам беспт. Еве ти $ 25 што ги побара.

О, ти благодарам тато! – Тој беше среќен и лицето му се насмеа и заблеска. Потоа, од под перница извади стуткани пари. Кога виде дека момчето веќе имал пари, таткото повторно почна да се лути. момчето полека ги преброи неговите пари и го погледна неговиот татко.

– Зошто бараше повеќе пари, ако веќе имаѓ? – промрмори таткото.

– Затоа што немав доволно, но сега имам – одговори момчето.

– Тато, имам 50 $. Можам ли да купам еден час од твоето време? да дојдеш дома рано утре. Сакам да си играме и да вечераме заедно, рече момчето

Таткото беше скршен. Го замоли синот за прошка Од тој ден се враќаше дома порано – а кога неговиот шеф ќе му речеше да остане на шега велеше – не можам синот ми воведе плата за секој час поминат или изгубен со него морам да му платам. А неговата дневница е богами скапа, велел низ смеа, на што шефот немал што да противречи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1