Сите патници кои имаат летови од скопскиот аеродром „Александар Велики“ на седми, осми и деветти август, треба да пристигнат на аеродромот три до четири часа порано од времето на полетување.
Како што информира ТАВ Македонија, ова е поради дополнителните безбедносни мерки кои ќе бидат применети на аеродромот по повод одржувањето на УЕФА Супер Куп натпреварот.