Тажна легенда за како Тетово го добил своето име


Старите Тетовци раскажуваат дека градот го добил името во сеќавање на едно мало девојче кое се изгубило во шумата.
Едно девојче со својата тетка отишло на чешма да наполнат вода. Додека стомните се полнеле, А тетката се Грижела да не се скршат, Девојчето водено од детското љубопитство, се заиграло и навлегувало се Подлабоко во планината. Се стемнило, а од малото девојче ни трага ниту глас…Тамошните мештани почнале да го бараат девојчето низ шумата. Барале долго низ темницата кога наеднаш се слушнало, Тетооо Волк!!!
tetovo
Девојчето викало на сиот глас, Барало помош! Тамошните мештани побрзале да го пронајдат девојчето но неуспале во намерата за да го пронајдат девојчето. Бидејќи од ехото се слушнало само Тето вооо…
Во чест на изгубеното девојче старите мештани тој крај го нарекле Тетово.
http://blogirame.mk/g/b579b2dc/
Од Тетово, час и половина далеку, има едно место на патот кон Скопје со два ниски рида. Помеѓу овие два рида некое време имало една страшна змија: ем голема, ем многу лута. Таа им правела гола штета на патниците што минувале во правец кон Скопје и во правец кон Тетово. Старите тетовчани раскажуваат за змијата и за бестрашниот јунак Тето. Еден ден на Тето му излегла зекоа многу ваѓжна работа што требало  да ја заврши во некое село. Тој знаеќи за страшната змија, се наоружал до заби и тргнал на пат кон Тетово. Тој дошол д два рида, змијата му излегла пред него и му го пресекла патот. Тетов веднаш сило ја затегнал стрелата и почнал да стрела во змијата. Дури имал стрели фрлал. Но откако му завршиле стрелите , го зел мечот во десната рака а во левата тржел штит (калкан) и се спуштил на земјата да ја убие. Со стрелите не успеал да ја убие змијата. Се доближил поблиску до неа, а таа, побеснала од добиените рани од стрелите, со голема сила се фрлила врз него и му ја ранила раката. Но, јунакот со мечот ја начекал змијата и ја прободел право во срцето. Така Тето успеал да ја убие страшната змија и да го ослободи патот од неа. Од тој ден патниците мирно и слободно си поминувале по патот. Тето откако ја убил змијата отишол на местото каде што денес се наоѓа градот Тетово. Тој таму се населил прв и од неговото име Тето, новонаселеното место го нарекол Тетово. На местото пак каде што ја убил змијата му го дал името Калкадели, што значи: со влезот на калкнот ја убил змијата.
http://mkdtetovo.blogspot.com/2013/09/blog-post_410.html
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1