Тажното детство на Зорица Брунцлик: Ја мразев мајка ми!


Животот на Зорица Брунцлик не бил отсекогаш лесен. Пејачката живеела во сиромаштија додека нејзините родители пред неа постојано се карала.

Таа е родена во Белград како најстара од сите деца во семејството, но поради разводот на родителите живеела на релација Смедерево – Белград.gzzoricabrunclik

-Мајка ми Златија се грижеше за мене и тројцата браќа. Живеевме во голема беда бидејќи мајка ми имаше бедна плата. Не постои ништо на што би сакала да се сеќавам од тој период, што не значи дека се срамам.

Мајка ми живееше во Смедерево после разводот, а татко ми во Белград. Јас растев опкружена со сиромаштија, но и богатство. Татко ми ме оставаше по неколку месеци кај своето пребогато семејство само за да и наштети на мајка ми.

Кај неговите живеев како бубрег во лој, носев најдобра облека и јадев најубава храна. После одредено време доаѓаше мајка ми за да ме врати дома и тогаш ја мразев затоа што ме враќаше во сиромаштија,

Тогаш сакав да останам кај своите роднини, но дури подоцна сфатив дека татко ми го правел тоа само за да и наштети на мајка ми, се исповеда Брунцлик.

Вистина.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1