Теарце гласаше во мирна, фер и демократска атмосфера- излезноста иста како и на 11-ти декември


Во 19 часот е затворено избирачкото место 2011 во Теарце, каде денеска се повтори гласањето за предвремените парламентарни избори. Исто како и изборите на 11-ти декември, и денешното прегласување во Теарце мина во фер и демократска атмосфера.izbori livce

Во текот на вечерта ќе дознаеме каква одлука донело Теарце за Македонија. Според првичните неофицијални информации, на денешното прегласување во Теарце своето право на глас го искористиле 402 лица, од вкупно 714 запишани во списокот, што е за двајца помалку во однос на првото гласање пред две недели.

Математиката вели дека во Теарце, опозициската СДСМ треба да освои 305 гласови повеќе од владејачката ВМРО-ДПМНЕ за да земе уште еден пратеник во изборната единица 6 и двете партии да бидат изедначени по бројот на пратеници 50-50. Според ова, на ВМРО-ДПМНЕ му се потребни само 50 гласа (по претпоставка дека сите останати гласале за СДСМ) за да ја зачува победата во пратенички мандати од 51 наспрема 49, што е сосема извесно дека ќе се случи.

Државната изборна комисија (ДИК) донесе одлука да се повтори гласањето на ова избирачко место врз основа на симулацијата со која се покажа дека прегласувањето може да влијае на бројот на освоени мандати, и врз основа на одлуката на Управниот суд да ја прифати тужбата на Коалицијата предводена од СДСМ и да донесе решение за поништување на гласањето на ова избирачко место.

На избирачкото место 2011 во Теарце во Избирачкиот список се запишани вкупно 714 гласачи. На 11 декември на гласање излегле 404 од кои 91 гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 87 за СДСМ, 65 за Беса, 64 за ДПА, 53 за ДУИ, 25 за Алијансата на Албанците и по еден за ВМРО за Македонија и за Коалицијата за промени и правда – Трет блок.

Во Изборната единица 6 според првичните резултати на ДИК, најмногу гласови 40.599 освои ДУИ, потоа следи ВМРО-ДПМНЕ со 26.135, СДСМ со 25.828, Беса со 25.054, Алијанса за Албанците 17.970, ДПА 16.225, ВМРО за Македонија 919 и Коалицијата за промени и правда – Трет блок 239.

Според добиените гласови, најмногу пратеници, односно 6 освои ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ 4, Беса 3, СДСМ 3, Алијанса за Албанците и ДПА 2.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1