Новиот спот на раперот Канје Вест за песната „Famous“ во кој во брачниот кревет на Ким Кардашијан и Канје Вест се појавуваат и многу познати и голи ѕвезди, ја разбесни пејачката Тејлор Свифт бидејќи раперот во спотот искористил нејизна двојничка, пренесуваат светските медиуми.
Во спотот за песната „Famous“ освен голата брачна двојка Кардашијан-Вест, се појавуваат и Кејтлин Џенер, Амбер Роуз, Бил Козби, Џорџ Буш, Доналд Трамп, Ана Винтур, Ријана и Крис Браун.
Меѓутоа, за разлика од некои познати луѓе на листата, кои навистина учествувале на снимањето на овој спот, пејачката Тејлор Свифт тврди дека нејзините кадри ги снимила двојничка.
– Тејлор е лута и ужасната. Не знаеше како да реагира кога слушна што направил Вест. Сега целосно е збунета и фрустрирана поради спотот и смета дека Канје ја издал – изјавил близок извор на пејачката.
Меѓутоа, лажната голотија не е единствена работа поради која Тејлор е лута на раперот. Имено, еден стих од песната на Вест го посветил на пејачката, и тоа оној во кој јасно вели: „ Тејлор и јас повтроно би можеле да имаме секс, поради мене таа к…а стана позната“.