Ердоган испрати писмо со извинување до Путин за соборувањето на рускиот авион


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му испрати писмо на рускиот лидер Владимир Путин, со извинување за соборувањето на рускиот бомбардер од страна на турската армија, соопшти денеска претставник на Кремљ.

Претставникот истакна, дека Ердоган напишал „жалам“ и изразил најискрено сочуство.erdogan_650x400_71448654393

Според зборовите на претставникот на Кремљ, турскиот претседател, исто така, навел дека ќе направи се што е можно за да се обноват руско-турските односи и дека никогаш не сакал, ниту пак планирал, да биде соборен рускиот авион.

Според Ердоган, Турција е подготвена да реагира заедно со Русија на кризата во регионот и борабата против тероризмот.

Во писмото наменето за рускиот претседател, се вели дека се води истрага против турскиот државјанин, кој е осомничен за убиството на рускиот пилот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1