Текст кој мора да го прочитате – овој маж сфатил како работи женскиот мозок


Убава вечер, минатата недела, бев со жената во кревет. Страст почнува да се загрева … кога одеднаш ми рече, “Не денес, не сум расположена … Јас сакам само малку да ме гушкаш” Се стаписав и реков,

A fisheye image of a nervous woman biting her nails.“Што!? …. Што е тоа? ‘ а таа ми плесна дирекно во лице  “Ти едноставно не ги разбираш моите емоционални потреби кои ги имам за нежност како жена, ти мислиш само да ги задоволиш твоите физички потреби како маж.”

На мојот глупав поглед, збунет и лут, рече, “Не може ли да ме сакаш за коај сум, а не поради она што го правиме во кревет?”

Гледајќи во неа, сфатив дека таа вечер нема ништо, се свртев на страна лут и заспав.

Следниот ден се јавив на работа и реков да земам слободен ден за денот да го минам со жена ми. Прво ја однесов на ручек, а после тоа во еден голем трговски центар во оддел за женска облека.

Таа весело пробуваше неколку скапи комплетчиња и не можеше да се одлучи кој да го купи – па и реков дека ќе и ги купам сите три, потоа сакаше и чевли кој одат со фустаните – и реков ќе купиме по еден пар за секој фустан. во одделот за накит бендиса едни дијамантски обетки и и реков ќе ги купиме и овие душо. Беше пресреќна и збунета. Мислев дека ме зафркава кога ми побара и тениски патики а никогаш не држела тениски рекет во рака – но велам нема проблем ако сакаш купи ги.

Од возбуда беше на работ на оргазам, ме гушкаше и бакнуваше цело време и на крајот рече – добро тоа е тоа одиме на каса.

Не можев да се воздржат да не пукнам од смеење кога и ‘реков, “не можам денес, не сум расположен.”

Таа пребледе од бес подзина и праша “ШТО?!”

“Па драга јас само сакав да ги држиш во прегратка сите овие работи.. Ти не ги разбираш моите финансиски проблеми како маж, само сакаш да си ги задоволиш своите и да се купи’

Изгледаше како да ќе ме убие секој момент а јас и реков – Не ли можеш да ме сакаш за тоа што сум а не заради работите што ти ги купувам?

Очигледно ни вечерва нема да добијам ништо … 🙂

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1