Германската полиција соопшти дека пронашла тела на шестмина тинејџери во една градинарска куќа на југот на земјата.
Полицијата соопшти дека сопственикот на градината во градот Арнштајн, на околу 75 километри источно од Франкфурт, утринава ги пронашол телата на својот син, ќерката и на уште четири лица, на возраст од 18 или 19 години.
Тој отишол таму за да ја провери ситуацијата, откако никој не успеал да стапи во контакт со децата, кои организирале забава во куќата.
Полицијата наведе дека околностите за смртта се нејасни, но нагласи дека засега нема индикации дека се работи за насилно злосторство.