Телефоните можат да се прислушуваат и кога се исклучени


Експерти утврдија дека агенцијата NSA може да ги прислушкува луѓето преку микрофонот на мобилните телефони, па дури и кога тој е исклучен.

telefon spionОваа теорија прв ја објави Едвард Сноуден во интервјуто со Брајан Вилијамс на вестите на NBC.

Истражувачите утврдија дека оваа техника е можна. Уредот може да делува како да се исклучува, а всушност тој се префрла во мод со екстремно мала потрошувачка со кој комуникационите чипови се уште работат.

Оваа состојба овозможува телефонот да прима команди, вклучувајќи ја и онаа за активирање на микрофонот.

Истражувачите напоменаа и дека е исклучително тешко да се утврди дали еден телефон е “под контрола” на шпионските агенции.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1