Телеграф: Кој е починатиот странец – Неговиот пријател вели „На Џефри му се тресеа рацете, не сакаше на лекар“


Колин Џефри, британски бизнисмен, кој пред неколку години беше прв човек на Советот за странски инвеститори во Македонија е Британецот кој почина во Скопје со симтоми од ебола, ексклузивно дознава Телеграф.мк.

Ова го потврдува и Мајкл Инглиш, пријателот на Џефри, кој во моментов е во карантин во хотелот „Супер 8“ во Мавровка.download-1

Во ексклузивен телефонски разговор за Телеграф.мк Инглиш раскажува дека со Џефри заедно дошле во Македонија со намера да најдат инвеститори за проект за рибник во близина на Охрид. Биле долгогодишни пријатели.

-Два дена не се чувствуваше добро. Имаше температура, но не сакаше да оди на лекар. Утрото кажа дека му е подобро. Се договоривме да се чекаме долу во хотелот во 12 часот. Се јави и кажа дека не се чуствува добро, му се тресеа рацете. Беше целиот збунет. Од хотелот викнаа амбулантна кола – раскажува Инглиш за Телеграф.мк.

Џефри живее во Кембриџ, има сопруга и три деца. Семејството е информирано за несреќниот случај. 

Целата сторија на Ивана Костовска на – Телеграф.мк

Foto – Telegraf.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1