Телеком операторите нема повеќе да ги “шпионираат” своите корисници


Судот на правдата на ЕУ во вторникот пресече дека Директивата која беше обврзувачка за компаниите и провајдерите да ги чуваат податоците за период не помал од шест месеци и не подолг од две години, треба да се укине, бидејќи на тој начин се кршат правата на граѓаните на приватен живот и заштита на нивните лични податоци

telefon prisluskuvanjeДирективата за чување на информации во врска со активностите на корисниците на телекомуникациските услуги во ЕУ е издадена по терористичките напади врз Њујорк, Мадрид и Лондон, кога загриженоста за безбедноста на граѓаните го потисна стравот од нарушување на нивната приватност, а антитерористичките служби тврдеа дека тие податоци им се неопходни за спречување на нови напади. Но, откако американскиот аналитичар Едвард Сноуден во јавноста ги изнесе деталите за сеопфатното и неселективно следење на европските граѓани, прашањето околу приватноста на граѓаните повторно е на агендата на европските законодавци и судовите. 

Од давателите на телекомуникациски услуги Директивата бара да ги чува информациите за користење и употребата на фиксни и мобилни телефони, пристап на интернет, е-мејл и интернет телефонија и истите да ги ставаат на располагање, на барање на овластени владини агенции за истражување заради докажување и казнување на тешки кривични дела и тероризам. 

И во Македонија се прислушува

tel500Македонија иако не е членка на ЕУ, сепак, делови од оваа Директива се имплементирани во Законот за електронски комуникации (ЗЕК), поточно во Глава 18 “Безбедност и интегритет на јавните електронски комуникациски мрежи и услуги и заштита на личните податоци”. Посебно во членовите 175 до 178 е опишано, како и кои податоци треба да се задржуваат од страна на операторите и која е постапката органот надлежен за следење на комуникации во согласност на законот за следење на комуникации да добие таков тип на информации.

– Во членот 175 се наведува дека операторите се должни да ги обезбедат сите неопходни технички услови за да овозможат следење на комуникациите во нивните мрежи, како и на сопствен трошок да обезбедат и одржуваат опрема, соодветен интерфејс и да воспостават електронски комуникациски водови за пренос до овластениот орган за следење на комуникации, со цел да се овозможи следењето на комуникациите во нивната мрежа – се вели во ЗЕК.

Според македонскиот ЗЕК, операторите се должни да ги задржат податоците од клиентите за период од 12 месеци од датумот на извршената комуникација.

Vecer

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1