Шеснаесет години откако Алек Лов, првокласен искачувач, и неговиот камерман Дејвид Бриџис ги погодила лавина на тибетантските планини, нивните тела биле пронајдени заледени во глечер.
Алекс Лов бил светски познат алпинист, а многумина го сметале за најдобар искачувач на светот во тоа време. Двапати се искачил на Монт Еверест, Матерхорн и дури 16 пати на Ел Капетан во Јосемити.
На 5 октомври 1999 година, Лов и Бриџис отишле да ја проверат можната локација за скијање на Шишапангма, 14-тата највисока планина на светот.
Меѓутоа тој ден ги погодила масивна лавина. Нивните сопатници вклучувајќи го и искачувачот Конрад Анкер ги барале, но никогаш не ги пронашле.
Оттогаш поминале 17 години, а Анкар минатата среда примил повик од двајца планинари, Дејвид Готлер и Ули Стек кои пронашле остатоци од две лица во глечер.
Врз основа на облеката и опремата која ја имале на себе потврдено е дека тие две лица се Дејвид Бриџис и Алекс Лов.
Конрад Анкер се оженил со вдовицата на Лов во 2001 година и ги посвоил нивните три сина, а во изјава кажал дека ова откритие конечно му донело мир на него и на неговото семејство.