Телохранителите спречија напад врз Трамп


Телохранителите спречија напад врз претседателскиот кандидат Доналд Трамп за време на неговиот говор во градот Дејтон, во сојузната држава Охајо.

Маж се обидел да се качи на сцената и најверојатно врз Трамп да фрли шише, соопштија од полицијата за телевизиската мрежа NBC News. Предизвикувачот на инцидентот брзо бил совладан, и му се заканува обвинение за нарушување на јавниот ред.tramp555

„Бев подготвен да се расправам со него, но беше поедноставно да им се препушти тоа на полицајците“, се пошегува Трамп, откако нарушителот бил отстранет.

Претходно, водечкиот кандидат во трката за номинација на Републиканската партија за американските претседателски избори на 8-ми ноември „од безбедносни причини“ го откажа говорот на Универзитетот Чикаго, во државата Илиноис, поради судирот меѓу неговите приврзаници и противници пред салата. Настанот беше откажан пред пристигнувањето на Трамп.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1