Телото на Јелена фрлено во каналот ден после убиството? – откриена клучна трага


Според најновите детали од истрагата, телото на пејачката Јелена Марјановиќ, која брутално е убиена во сабота на 2 април со 30 удари со тап предмет во главата, од кои два биле смртоносни, најверојатно во каналот на насипот во Црвенка е донесено ден по убиството, односно во недела на 3 април, околу 8 часот наутро.Jelena-pejacka-520x375

Според обдукциските наоди, нејзиното тело, кое е пронајдено во каналот, во вода било само три часа, пред да биде пронајдено, а останатите 17 било на некое друго место.

Ова значи дека монструмот се вратил на местото од каде ја грабнал Јелена, а со самото тоа постои шанса да оставил некоја трага- рекол извор од истрагата.

Обдукцијата фрли сосема ново светло на целиот настан. Тоа што телото на жената било во вода само три часа, укажува на тоа дека таа наверојатно е грабната и убиена на друго место, а не во населбата Црвенка.

-Сега е јасно дека зошто нејзиното тело не било пронајдено порано, иако сите трагаа по неа. Клучно е да откриеме што се случувало во тие 17 часа и дали некој го видел автомобилот со кој е префрлена од една на друга локација -велат извори од истрагата.

Тревата и трските околу местото каде е пронајдено телото се исечени. Во каналот се пронајдени нови траги, кои може да бидат траги од набрзина фрленото тело. Полицијата ги исекла гранките и ги пратила на форензичка анализа како би се видело дали на нив има траги од ДНК- вели изворот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1