На 27.04.2016 година околу 13.20 часот во ЕИК-Скопје било пријавено дека на ул.„Народен Фронт“ биле слушнати неколку истрели од огнено оружје, информираат од МВР.
По излегување на местото на настанот констатирано е оштетување на ТМВ „Фургон“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на ДТУ„Огнометика“ од три проектили испукани од правец на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“.
По извршените проверки констатирано е дека можен сторител е лицето К.К. (40) од Скопје, кој бил пронајден починат во спалната соба од неговиот стан. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција, информираат од МВР.