Кобен крај на вооружениот инцидент, кој вчера попладне ги вознемири жителите на скопската населба Капиштец. 40 годишниот академски сликар, Коста Крпач, вчера попладне бил пронајден мртов, со прострелна рана во градниот кош, во својот дом. Јавното обвинителство засега не дава информации околу околностите во кои настапила смртта на Коста Крпач
Обдукцијата сè уште трае. Во тек се и другите истражни мерки.
Според првичните информации од полицијата, околу 14 часот, биле пријавени 4 истрели од огнено оружје, близу АМСМ. Три од куршумите завршиле во службено комби, кое било паркирано на паркингот, веднаш спроти домот на Крпач. Последниот куршум, за жал, бил во безживотното тело на академскиот сликар, откако полицијата насилно ја отворила вратата на неговиот дом. Мртвото тело на Крпач, со прострелна рана во градниот кош, било пронајдено на подот во неговиот стан, а веднаш до него било пронајдено и оружјето.
Се уште не е познат ниту мотивот ниту околностите под кои згаснал животот на Крпач. Во текот на денешниот ден се очекува одговор од МВР и од Јавното Обвинителство, за деталите за овој несреќен случај.
Имено, името на жртвата се поврзува со списокот на аболицирани лица од Претседателот Иванов. КРПАЧ бил оженет, татко на едно дете.