Телото на починатиот Британец се чува во лимен сандак


Телото на педесет и осумгодишниот британски бизнисмен Колин Џефри, поранешен прв човек на Советот за странски инвестиции во Македонија и поранешен директор за стратегиски планирања во „Џонсон Мети“, кој пред некоја година се пензионирал, а сега постои сомнеж дека починал од ебола, се чува во метален сандак на Патологија во Скопје.

Овој сандак е обложен со заштитна обвивка, а потоа е ставен во втор хермитички метален сад и таму ќе остане до утре кога после пладне, од лабораторијата од Хамбург, Германија, ќе стаса известување дали бил забоелн од смртоносниот вирус ебола или не. colin-jeffery-223

Македонското Министерство за надворешни работи е во постојан контакт со британските колеги кои уште вчера биле известени за смртта на бизнисменот. Засега се знае дека обдукција ќе се прави откако ќе пристигнат резултатите од лабораторијата во Германија.

Џефри бил долгогодишен бизнисмен и соработувал со фирма од индустриската зона Бунарџик. Имал сестра која живее во Танзанија и последен пат ја посетил пред три години. Има сопруга и три деца.

За состојбата на неговиот бизнис партнер, кој од вчера е во карантин, лекарите велат дека е добра. Од вчера и во текот на денешниот ден не е пријавен друг случај со слични симптоми на ебола мешу лицата што се во карантин.infektivna1

Македонскиот здравствен систем сè уште е во состојба на готовност и подготвеност да се справи со сите настанати ситуации, потврди доктор Јованка Костовска од Комисијата за заразни болести, која денеска изјави дека странецот имал внатрешно крвавење и крвавел кога биле правени обидите да се интубира.

– Можам да потврдам дека неговиот бизнис колега со кој биле заедно во хотелот е добро, нема симптоми слични на неговите, но сепак е во карантин. Во карантин во хотелот се држат 25 лица, а на Инфективна клиника во карантин има 10 граѓани, меѓу нив и екипа на Итната помош. Тие немаат знаци како починатиот. Денеска темелно се дезинфицира собата во која тој беше сместен на Инфективна, а во хотелот има постојано болничка екипа со нашите и странците кои се во карантин. Тие ни потврдија дека последните три дена тој седел во собата и за него се знае дека многу консумирал алкохол – вели Костовска. mavrovka hotel super8

Врз основа на детални консултации со врвни авторитети на меѓународно ниво од областа на патологијата и инфективната медицина, како и посочените протоколи од областа на патологијата, строго е препорачано да не се врши обдукција на телото сè до моментот на добивање на резултатите од референтна лабораторија.

Во меѓувреме, хотелот „Супер 8“ до трговскиот центар „Мавровка“ од утрово е опколен од странски новинарски екипи. Најмногу се од Англија, од каде што потекнува починатиот пациент.

Полицијата постојано го обезбедува хотелот и не дозволува никој да стои непотребно околу објектот.

Plusinfo.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1