Искршен автомобил марка „голф“ со босански регистарски таблички е пронајден во канал во близина на Сремска Рача во Србија. Во возилото е пронајден женски труп за кој полицијата претпоставува дека е 27-годишната старлетата Гудираш, јавува српски Блиц.
Слаѓана исчезна во средата, откако ја поминала границата од БиХ кон Србија, по што и се губи секаква трага.
Според неофицијални информации, станува збор за сообраќајна незгода во која Слаѓана слетала со автомобилот во каналот. Голфот бил пронајден на место покрај патот што е обраснат со растенија.
Слаѓана Гудираш на 10.декември годинава била пријавена за исчезната од страна на нејзин пријател, откако неможел да ја добие на мобилниот телефон, кој бил недостапен.
Таа истиот ден тргнала за Белград и околу 18 часот ја поминала српската граница, по што никој повеќе не ја видел.
Нејзината мајка Јелка Пантиќ изјавила дека поминува низ кошмар.
– Прво помислив дека некој се шегува со мене, кога ми рекоа дека ќерка ми изчезнала, но потоа видов дека е сериозна работата. Не знам ни што да мислам, ни што да правам. Ако е мртва и јас ќе умрам, рекла нејзината мајка.
Инаку, Слаѓана Гудираш најмногу се прослави по нејзиното појавување во песната „Силикони и кубици“.