Темелите на новиот клинички ќе се постават до крајот на годинава


Министерот за здравство, Венко Филипче денеска изјави дека очекува во предвидените рокови да завршат сите постапки и оти има сериозни шанси темелите на новиот клинички центар да бидат поставени до крајот на годинава.

– Во овој момент се ревидира физибилити студијата за гринфилд локација. Веќе се собрани податоците на директорите на клиниките за тоа како и што претпоставуваат и сакаат да имплементираат во нивните одделенија, а во смисла на нови оперативни сали, број на кревети, согласно бројот на пациенти кои се третираат овие изминати години. Ревизијата на физибилити студијата и сите други подготвителни работи околу земјиштето очекуваме да бидат готови во мај и потоа ќе бидеме подготвени и официјално да ја почнеме постапката, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата по повод одбележувањето на Светскиот ден за борба против туберкулозата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1