Темелна истрага за Михајлова која по царскиот рез остана неподвижна


Вонредни надзори во струмичката болница, Клиничката болница во Штип и Универзитетската клиника за неврологија во Скопје – Министерството за здравство го истражува случајот со  19 годишната Станка Михајлова, која што според тврдењата на семејството останала неподвижна по породувањето со царски рез.

Случајот ќе биде разгледан темелно, професионално и до крај, а доколку се утврдат пропусти, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно законските прописи, велат од министерството од каде веќе дале налог на здравстениот инспекторат да ја отвори медицинската документација на Михајлова.

Министерство за здравство

– Во наредните денови се очекува ДСЗИ да ги комплетира надзорите и да ја прибере целокупната медицинска документација од трите здравствени установи. Врз основа на целосно утврдената фактичка состојба, ќе следат заклучоците од стручниот надзор, и доколку е потребно, понатамошни дејствија. Министерството за здравство посебно потенцира дека почитувањето на правото на пациентката на достоинство, приватност и заштита на личните и медицинските податоци е неприкосновено во текот на целата постапка. Секој пациент има законско право на безбедна, квалитетна и правовремена здравствена заштита, како и право на целосна и разбирлива информација за сопствената здравствена состојба. Министерството ќе се погрижи овие права целосно да бидат почитувани — како во текот на инспекцискиот надзор, така и во натамошната комуникација со пациентката и нејзиното семејство.

За случајот реагираа од  клиничката болница во Штип од каде велат дека пациентката имала уреден постоперативен тек и била испишана во добра состојба. Директорот Владко Захариев најави одговорност оако се утврди лекарска грешка – во спротивно – очекува извинување кон медицинскиот персонал.

Владко Захариев – Директор на КБ Штип

– По извесен временски период по отпустот, таа се јавила во регионална болница со изразена слабост на долните екстремитети. Во рамките на понатамошното дијагностицирање е утврдена промена во спиналниот канал на високо торакално ниво. Анатомски промената не се наоѓа во регијата каде што се аплицира спиналната анестезија, која се изведува во лумбалниот дел на ’рбетниот столб. Поради тоа, ваквата промена, според мене, не може да се поврзе со апликацијата на спинална анестезија при царскиот рез. Според добиени информации, ќе се формира стручен тим, и ако се утврди лекарска грешка, ветувам дека ќе има одговорност од персоналот и од мене како директор.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1