„Dr.Oetker“ – Неговото име стои на кутии со пици, пакувања пудинг или кесичките со прашок за пециво. Доктор Еткер (Dr.Oetker) се вбројува меѓу најпознатите семејни германски претпријатија на Германија.
Речиси 70 години по крајот на Втората светска војна претпријатието сега објави студија за своето минато во периодот на националсоцијализмот. е едно од последните претпријатија кое го стори тоа, многу други германски претпријатија уште пред повеќе години се соочија со своето минато, пишува DW.
Семејството Еткер се обидуваше да воспостави близина со режимот на Адолф Хитлер
Tемни дамки во историјата на производителот на пудинг има доволно.
Кратко откако Адолф Хилтер ја освои власта, Каселовски пристапи во партијата НСДАП.
Како и многу индустријалци и тогашниот шеф на фирмата Рихард Каселовски се обидуваше да воспостави блискост со националсоцијалистите.
Тој постојано донираше големи суми на еден од водечките националсоцијалисти: на водачот на СС, Хајнрих Химлер.
Исто така и посинокот на Касаловски и наследник на раководната функција во фирмата, Рудолф-Аугуст Еткер, не се стеснуваше од контакти со властодржците во Третиот рајх. 1941 година тој доброволно се пријави за СС-трупите, кои меѓу другото беа надлежни за стражата во концентрационите логори.
Исто така во претпријатието биле ангажирани принудни работници, иако не во централите, се вели во актуелната студија од Минхен. За историчарот од Бон Јоахим Шолтисек тоа не е изненадување:
„Навистина чисто не беше ниту едно претпријатие во Втората светска војна. Секој мораше да има принудни работници, кога сопствените работници се бореа на фронтот“. Дури и стриктните противници на режимот,
Многу акционерски друштва како индустрискиот фабрикант Роберт Бош, „Дајмлер“ или „Фолксваген“ потоа исто така објавија информации за историјата на нивното претпријатие во Тетиот рајх.
Исто така и концернот „Тенгелман“ во моментов го истражува своето нацистичко минато. Тогаш повеќето претпријатија ќе го имаат обработено своето минато, проценуваат научниците.