Температурен шок – тропските горештини кои ја зафатија Индија доаѓаат на Балакнот


Пеколните температури кои овие денови косат по Индија наскоро би може тие да се пренесат и на Балканот. Имено, светската  метеоролошка фирма „AccuWeather“ ги објави најновите прогнози за претстојната летна сезона во Европа. Според нив, во овој дел од Европа ќе биде најжешко, а летото ќе се карактеризира со високи температури и суша.

Метеорологот Тајлер Рос укажува дека кон средината на летото топлотни бранови ќе го зафатат Балканскиот Полуостров, југоисточна Европа и црноморското крајбрежје. Така, оваа година летото ќе биде сосема различно од минатата година, кога беше исклучително дождливо во нашиот регион.toploten bran

Температурите од средината на јули и во цел август ќе се движат над 32 степени Целзиусови, а некои денови ќе се качат и до максимални 38 степени, покажува анализата на Accuweather.

Метеорологот Ерик Лестер вели дека од средината на летото ќе се забележат бранови на жештина кои ќе го зафатат подрачјето на Балканскиот полуостров, југоистокот на Европа се до бреговите на Црно Море.

Топлината, според неговата сезонска прогноза ќе го одбележили летото во дел од Средоземјето, од Шпанија, преку југот на Франција па до Италија. На западот на Шпанија и во Португалија и на подрачјето на Скандинавија и на североистокот на европскиот континен е најавено пак дождливо лето. Овие региони се очекува да бидат зафатено од чести циклонски движења.

Имајќи предвид дека лани ова време „AccuWeather“ ги најави дождовите, се очекува и оваа година прогнозата да е прецизна.

Над 1.700 луѓе ги загубија животите во Индија поради жештините што зафатија големи реони во државата. Најтопло е во јужните држави Андра Прадеш и во Телангана

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1