Температурите паѓаат на -7 °C – Подгответе се за леден бран


Студениот бран кој од денеска ја зафати територијата на Македонија и во текот на следните денови и тоа особено во петок и сабота на повеќе места ќе услови негативни минимални температури на воздухот лошо ќе влијае врз земјоделските култури и тоа поради тоа што се во фаза на развивање (цутење) и тоа поради невообичаеното топло време кое го имавме долг период со температури од над 20 °C и истото тоа време услови будење на природата како и расцутување на овошките, анализира Славчо Поповски.

Во петок и во сабота поради разведрувањето наутро минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 3.

За време на викендот кој ни доаѓа пак максималните дневни температури ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен а исто така ќе продолжи периодот на стабилно и суво време без никакви врнежи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1