Тензично на протестите во Аеродром против изградба на повеќекатницата- полиција ги штити тарабите (ВИДЕО)


Тензично попладнево на протестот против изградба на станбено-деловен објакт на зеленилото пред Мајчин дом во општина Аеродром.

Граѓаните кои протестираат се собираат околу тарабите со кои е заградена парцелата.

foto – Pressingtv.mk

Околу тарабите стојат полицајци, а дел од граѓаните повремено удираат по тарабите.

Граѓаните кои протестиратат велат дека според нивните сознанија ќе се гради тринаесеткатница, а не како што тврди градоначалникот деветкатница.

Градоначалникот на општината претходно на прес-конференција рече дека ги поддржува граѓаните, но оти нема што да прави за да ги смени работите.

Ситуацијата со парцелата пред Мајчин дом е затекната и наследена, се обидовме на сите начини да ја смениме, но не успеавме, тврди Марин.
Оние кои излегоа на протести не се убедени во она што го кажа градоначалникот.

Од протестот испратија порака „Криминалци марш од Аеродром“ и бараат оставка од Марин.

VIdeo na Pressingtv.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1