Тензично во струшко: Муслимани не дозволуваа да се освети црква


Со арапски и муслимански знамиња, група верници од муслиманска веросиповед утрово од 10 часот го блокирале патот кој води до струшкото село Октиси, јавува Охрид1.

oktisiПричина за протестот е најавата дека денеска во селото ќе се осветува православна црква. Според порталот, муслиманските верници не дозволуваат по патот да поминат свештениците на МПЦ и донаторот на црквата.

Полицијата стои помеѓу двете групи на луѓе, едните од православна, другите од муслиманска вероисповед и ги држи групите раздвоени. Од двете страни има скандирања и дофрлувања, но нема обиди за пробивање на полицискиот кордон.

12:44 Градоначалникот на Стурга Зијадин Села пристигнал во Октиси и ги повикал насобраните луѓе од двете страни да се разотидат и од утре да почнат дијалог за надминување на проблемот.

11:42 Оџата преку разгласот на минарето од селската џамија, зборувајќи на македонски јазик, го повикал целото муслиманско население на село Октиси да излезе на улица и да ја спречи градбата на црквата и осветувањето на темелите.

1SPECIJALCI

2SPECIJALCI2

1236916_10201277864022269_1260633826_n

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1