Тензии во северниот дел на Косово: Вучиќ свика итна седница на Советот за национална безбедност


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ за утре закажа итна седница на Советот за национална безбедност, а една од темите ќе биде моменталната ситуација на Косово и Метохија. Седницата е закажана за во 10 часот.

Вучиќ минатата недела со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и со претставниците на американската администрација разговараше за решавање на прашањето со Косово и Метохија. Во петокот во Брисел, Вучиќ учествуваше на трилатералниот состанок со шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и со косовскиот претседател Хашим Тачи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1