Tензија – војна на повидок: Кина распореди единици на границата со Северна Кореја


Кинеската армија спроведува распоредување на тенкови и воена опрема во близина на границата со Северна Кореја, што најверојатно е во поврзаност со неодамнешните објави на Пјонгјанг за подготвеноста да одговори на провокациите „според законите што важат при воена состојба”, објави во четвртокот интернет изданието на дневниот весник The Washington Times, кој се повикува на неименуван релевантен претставник на американското разузнавање.

 

kina tenkovi korejaСпоред соговорникот на весникот, „придвижувањата” на војските на Кина во пограничните региони започнало уште кон средината на март, а тоа продолжува и овие денови. Според податоците добиени преку разузнавачки канали, особено забележливо е распоредувањето на војските во провинцијата Лиаонинг, каде што се регистрирани армиски единици и тешка артилерија на Народноослободителната армија на Кина, вклучувајќи ја и 190-та моторизирана пешадиска бригада.

Исто така, голем број авиони ловци го крстосуваат небото над пограничните градови Фучен, во провинцијата Хебеј провинција), Чжангу и Чаончун во провинцијата Лиаонин. Според весникот, овие кинески борбени единици можат да реагираат и да одговорат во случај на избувнување конфликт во регионот од каков и да е обем.
korea nuklearkaПоследните седмици има брза ескалација на тензиите меѓу Северна и Јужна Кореја. Претходно, Северна Кореја предупреди дека во случај на воена провокација против неа ќе одговори на тоа според „прописите на воената состојба”.Од друга страна, пак, Сеул, објави дека разработува план за превентивни напади во случај на директна закана за националната безбедност.

Кина, инаку единствен дипломатски сојузник на Пјонгјанг, којашто повеќепати ја поддржува денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров, особено изненади кога во март без никакви забелешки ја поддржа во Советот за безбедност при ОН резолуцијата за нови санкции против Северна Кореја поради нејзината трета нуклеарна проба.

koreja simulacija napadПекинг од почетокот на тензиите ги повикува сите засегнати страни на воздржаност и решавање на сите прашања поврзани со севернокорејската нуклеарна програма преку преговори. Претходно во четвртокот беше објавено дека САД располагаат со разузнавачки информации, според коишто Северна Кореја може во следните неколку денови или седмици да изврши лансирање на балистички проектили од мобилни системи.
Претходно, јужнокорејските власти соопштија дека во четвртокот Северна Кореја распоредила на источниот брег на земјата балистичка ракета која може да се користи за тестирање или во воена вежба.

korea vojska gotovs Според министерството за одбрана во Сеул, малку е веројатно проектилот да е насочен кон континенталниот дел на САД и не може да достигне цели на американска територија.
Јужнокорејските експерти велат дека пренесениот објект до источниот брег според обликот наликува на балистичката ракета од типот „Musudan”, којашто првпат беше прикажана од страна на Северна Кореја за време на воената парада во октомври 2010 година. Се верува дека дострелот на проектилот изнесува три до четири илјади километри.

Makfax

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1