Скандалозен инцидент денес се случил меѓу вработени во општина Штип, јави Tв Стар.
Имено, во текот на работното време физички е нападнат А.Ј. вработен во општината и е одговорно лице за Проектот Отиње. Инцидентот се случил токму на градилиштето, а според пријавата, напаѓач е М.Ј. исто така вработен во локалната администрација.
Напаѓачот своевремено беше раководител на неколку оддели во општината. Според лекарскиот наод, А.Ј. имал сериозни повреди во пределот на лицето, набивање на меките ткива и повреда на усната.
Причините за нападот засега се непознати . Инцидентот е пријавен во полиција.