Некаде на средина од првиот дел, гостинските навивачи „Комити„ пристигнаа на стадионот под Тумбе кафе да ја бодрат својата екипа.
Откако минатата сезона не беа во Битола заради протест кон сопствената управа, сега тие со неколку автобуси пристигнаа и со големо обезбедување се сместија на помалата трибина под Тумбе кафе, јавува Тера.
При нивното заминување во 90 минута имаше помала пресметка помеѓу „непослушните„ гостински навивачи и полицијата.
При пресметката еден од навивачите на Вардар беше тешко повреден и остана со тешка повреда на раката.
Итно беше префрлен со амбулантното возило во битолската полиција. Имаше и неколку дурги повредени гостински навивачи при инцидентот при излегувањето од малата трибина на стадионот под „Тумбе кафе„.Прашање е дали повеќе треба да се игра фудбал кај нас и посебно да се дозволи гостински патувања.