Вчера околу 18.10 часот од ЕИК-Скопје добиено е известување дека во 17.15 часот во с.Сингелиќ настанала расправија, а потоа и тепачка помеѓу две семејства.
По извршениот разговор со членовите од едното семејство утврдено е дека расправијата започнала околу поделба на месо од комбе кое било паркирано кај џамијата.
Во еден момент членови од другото семејство извадиле огнено оружје и почнале да пукаат кон нив, по што избегале. На местото на настанот била пронајдена чаура непознат калибар.
Подоцна на ул. „Христофер Жефаровиќ“ во дворното место биле пронајдени две лица од семејството кои биле посочени како напаѓачи, кои биле со телесни повреди.
На местото на настанот била испратена Итна медицинска помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.