Тепачка во автобус „50-ка”, повеќе повредени


Во петокот во автобус на ЈСП со број „50″ дошло до масовна тепачка, при што повеќемина се здобиле со повреди, соопшти полицијата.

jsp222Имено, околу 13.45 часот во Скопје на ул. „Васил Аџиларски”, во, петокот, во автобус на ЈСП бр.50, на автобуската постојка од страна на пет непознати лица физички биле нападнати О.Џ.(17), Б.Ф.(16), О.Д.(16), Н.Н.(17), А.М.(17), С.Ф.(16) и С.Е.(17), сите од Скопје, ученици во Средно медицинско училиште, удирајќи ги со клоци и тупаници во пределот на главите и телата.

Од физичкиот напад лицата се здобиле со видливи повреди-црвенила и отоци во пределот на главите.

Три од лицата можни сторители се повикани на разговор во полициска станица, по целосно документирање на настанот против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок

Makfax

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1