Тепачка во ДУИ: Џеват Адеми нападнат од поранешни команданти на ДУИ во Мала Речица !?


Пратеникот на ДУИ Џеват Адеми бил физички нападнат од членовите на Месниот Совет на ДУИ во Мала Речица, што резултирало со прекин на состанокот на Советот. Инцидентот се случил откако Џеват Адеми се спротивставил на предлогот на членовите, за избор на Беким Алиу за член на претседателството на огранокот, објави Алсат М.

djevad ademi

Алиу речиси едногласно бил предложен од членството, но предлогот бил оспорен од Џеват Адеми бидејќи Алиу не бил присутен на состанокот. Присутните спречиле поголем инцидент додека пратеникот Адеми поминал без сериозни повреди. Во изјава за медиумите, Џеват Адеми вели дека со неговото спротивставување поранешниот војник Беким Алиу да не стане член на огранокот, тој само го почитувал правилникот на партијата. Според Адеми, имало незадоволство, но не и физичка пресметка.

„Откако се утврди дека меѓу кандидатите е и еден член кој не беше присутен на Собранието, комисијата за кандидирање на ниво на огранок, чиј претседател сум јас, за да се испочитува правилникот, реши тој да не биде избран бидејќи не беше присутен. Не ја отфрлам можноста дека некои од членовите не биле задоволни што јас не дозволив да се прекрши статутот, но инциденти немаше. За жал за тие кои се вознемирени поради оваа демократија внатре во ДУИ, изборите во тетовскиот огранок на ДУИ поминуваат во коректна, демократска и конкурентна атмосфера“, рече Џеват Адеми, ДУИ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1