Младен Војичиќ Тифа и Ален Исламовиќ физички се пресметале по концертот на дочекот на 2018 година во Будва.
Како што се пишуваше, пејачите од Бело дугме се истепале веднаш по излегувањето од сцената.
Меѓутоа, сега е позната причината поради што дошло до тепачката, а тоа било поради песна.
Како што се зборува, Тифа се изнервира тоа што Ален за време на концертот испеал дел од песните кои му следувале на него. Прво дошло до вербална расправија, а потоа и до физички контакт.
Од друга страна пак, менаџерот на Бело дугме тврди дека немало никаква расправија.
– Имаше 30 луѓе на сцената, како што се симнуваа, Тифа запеа и несвесно го подбутна Ален. Не се степаа, туку случајно се слизнаа. После седнаа пијаа кафе, немаше никаква расправија, рекол Адис Гојак.
Инаку, Бело дугме за овој настап добиле дури 110.000 евра.